четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Вести

Трамп испрати честитка до Американците по повод Божиќ

Трамп испрати честитка до Американците по повод Божиќ

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа испрати честитки до Американците по повод Божиќ.

Во обраќањето, објавено во соопштение од Белата куќа, се вели дека празничните собири нема да бидат исти како во изминатите години „и овој Божиќ, како сите друг, ни дава можност да го празнуваме раѓањето на нашиот Спасител, Исус Христос, и да ја изразиме нашата срдечна благодарност за штедрата милост на Господ кон нас и нашата земја“.

-Љубовта што ја споделуваме со семејството и пријателите ги исполнува нашите срца со радост, додека приказната за Христовото Рождество е инспирација за луѓето во целиот свет, се вели во честитката.

-Годинава, се здружуваме како горди Американци, благодарни за светото право на слободна исповест и отворено признание за нашата верба во Господ.

Претседателот Трамп и првата леди Меланија, изразија посебна благодарност до семејствата на американските војници, кои нема да можат да слават, за нивната служа и дадената жртва. Тие исто така изразија благодарност до луѓето во првите борбени линија, полицајците, пожарникарите, здравствените работници, „сите оние кои работат неуморно и служат за да не заштитат нас и нашите заедници. Вашиот труд е пример за несебичната љубов кон Господ, и не потсетува на благородните принципи според кои се стремиме да живееме“.

-Сите Американци и сите наши пријатели низ целиот свет кои го празнуваат празникот, им посакуваме среќен Божиќ и спокојна и просперитетна Нова година, се вели во обраќањето на претседателот.

Коронавирус