сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 131
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Вести

Трамп игра голф, за прв пат од прогласувањето на вонредната состојба

Трамп игра голф, за прв пат од прогласувањето на вонредната состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера играше голф за прв пат откако во март беше прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, сакајќи да испрати порака дека државата се враќа во нормала.

Претседателот Трамп го посети неговиот Национален голф клуб Трамп во предградието Вашингтон.

Трамп последен пат играл голф на 8 март, во неговиот клуб во Вест Палм Бич,на Флорида.

Трамп ја промовира идејата дека Соединетите држави се враќаат во нормала, иако бројот на починати од коронавирус се очекува да надмине сто илјади во наредните денови.

Американците го одбележуваат Денот на сеќавање за паднатите американски војници во понеделник, на 25 мај, поради што ќе имаат продолжен викенд.

„Бидете надвор, играјте голф, играјте тенис со обележани топки, одете на плажа, но бидете на два метри оддалечени“, им порача на граѓаните Дебора Биркс, координатор на Кризниот штаб за коронавирус на Белата куќа на прес-конференцијата во петокот.

Парламентарни избори 2020