сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 94
home Вести

Трамп и се закани на Русија: Подгответете се за ракети

Трамп и се закани на Русија: Подгответете се за ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп твитна дека Русија треба да се подготви за ракети кои ќе бидат испалени кон Сирија, како одговор за наводниот напад со хемиско оружје во градот Дума.

Руски претставници се заканија дека ќе ги соборат американските ракети.

Трамп претходно вети воена акција.

Претседателот Башар ал Асад и неговата влада, која доби воена поддршка од Русија демантира каква било вклученост во хемиските напади.

Во твитот, Трамп го нарече Асад животно кое убива со гас.

Во саботата сириски активисти, спасувачи и лекари соопштија дека градот Дума бил цел на напад со хемиско оружје.

Светската здравствена организација соопшти дека повеќе од 500 луѓе биле погодени од хемискиот напад, како и дека 70 луѓе загинале во нападот.

СЗО побара непречен пристап во градот.

 

Коронавирус