понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 111
home Вести

Трамп и Пенс првпат разговараа по упадот во Конгресот

Трамп и Пенс првпат разговараа по упадот во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс синоќа имаа „добар разговор“ во Белата куќа, изјави неименуван претставник на американската администрација.

Тоа беше прв нивни разговор откако Трамп го критикуваше Пенс на 6 јануари, бидејќи не се обидел да го спречи Конгресот да ја потврди победата на избраниот демократски претседател Џо Бајден.

Тој наведе дека Трамп и Пенс разговарале за немирите и повторија дека тие што минатата недела го прекршија законот и упаднаа во Конгресот не ги претставуваат 75 милиони Американци. Тие исто така се обврзаа дека ќе продолжат да работат во интерес на земјата до крајот на својот мандат.

Коронавирус