Лидерите на Франција и Соединетите Американски Држави, Емануел Макрон и Доналд Трамп се согласиле во телефонски разговор дека во нападот во сирискиот град Дума е користено хемиско оружје.
Тие договориле соработка со цел да се покрене јасна одговорност за употреба на таквото оружје.
Двајцата претседатели размениле информации и анализи кои потврдуваат дека во прашање било хемиски напад, соопшти Кабинетот на францускиот претседател.
Макрон и Трамп за два дена повторно ќе разговараат.
Во наводниот напад со хемиско оружје загинаа најмалку 40 луѓе.