среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 98
home Вести

Трамп и Ким потпишаа историски договор

Трамп и Ким потпишаа историски договор

Лидерите на Соединетите Американски Држави и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун потпишаа договор по историските разговори кои се одржаа во Сингапур.

Двајцата лидери во собата каде што го потпишаа договорот пристигнаа заедно.

Трамп изјави дека беше потпишан „многу важен, прилично сеопфатен договор“.

-Денеска го одржавме историскиот состанок и одлучивме историјата да ја оставиме зад нас. Светот ќе види голема промена. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Трамп поради овој состанок, изјави Ким.

По давањето на изјави, двајцата се ракуваа и го потпишаа документот.

Британски Гардијан пишува дека се уште не е јасно што е потпишано. Трамп изјави дека за кратко се ќе стане појасно и оти тој ќе договорот ќе го дискутира на прес-конференција која треба да се одржи денеска, но и дека договорот е „сеопфатен“.

-Многу добра волја се искористи за ова, многу работа, многу подготовки. Многу сме горди за ова што се случи денеска, изјави Трамп.

Вели дека врската меѓу светот и Северна Кореја ќе се смени со овој договор.

-Ние ќе се погрижиме за многу големиот и многу опасен свет, рече Трамп.

Трамп го игнонираше новинарското прашање за Ото Вармбир, американскиот студент кој беше држен во работнички камп во Северна Кореја и почина многу кратко откако се врати во САД. Ким, исто така, избегна да одговори на прашањето дали има волја да се откаже од нуклеарното оружје.