среда, 8. декември 2021. Вести денес: 108
home Вести

Трамп и Ким не го потпишаа најавениот договор за денуклеаризација

Трамп и Ким не го потпишаа најавениот договор за денуклеаризација

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун денеска во Ханој не го потпишаа најавениот договор за денуклеаризациоја, јави ДПА.

Белата куќа соопшти дека Трамп и Ким имале „многу добври и конструктивни средби“, но „засега не е постигнат договор“.

-Двајцата лидери разговараа за различни начин за постигнување на денуклеаризацијата и за економски поддржани концепти. Нивните тимови со нетрпение чекаат да се сретнат во иднина, се нагласува во соопштението.

Претходно, дипломатски извори информира, дека САД и Севрна Кореја се договориле за најмалку три точки од заеднички документ што требаше да го потпишат Трамп и Ким на крајот на нивната средба во Ханој.

Истите извори тврдеа дека во документот, кој требаше да биде наречен Ханојска декларација, ќе беше нагласена денуклеаризацијата, наведени следни чекори на двете страни за нејзино постигнување и поставени задачи и прашања што ќе се разгледуваат подоцна.

Денеска на вториот ден од самитот САД-Северна Кореја. Трамп и Ким имаа средба во четири очи што траеше повеќе од половина час, по што се одржа средба на двете делегации во проширен состав, на која од американска страна учествуваа и државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон. (МИА)

Коронавирус