сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трамп и Ким наскоро повторно ќе се сретнат – голема најава на Мајк Помпео

Трамп и Ким наскоро повторно ќе се сретнат – голема најава на Мајк Помпео

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео изјави дека се надева дека наредните месеци ќе биде одржан самит на претседателот Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг ун.

Помпео се надева дека на новиот самит ќе се „оствари првиот значаен чекор“ кон денуклеаризација на полуостровот.

-Се надевам дека наредните месеци лидерите ќе можат повторно да се состанат, за да се оствари значаен чекор кон денуклеаризација – рекол Помпео за локалните медиуми во САД.

Американскиот министер додал дека треба сепак да се биде внимателен и дека не треба однапред да се предвидува датумот за евентуален трет самит.

Коронавирус