вторник, 21. март 2023. Вести денес: 92
home Вести

Трамп го укинува правото државјанство да се стекнува со раѓање

Трамп го укинува правото државјанство да се стекнува со раѓање

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација почнала процес за укинување на стекнување државјанство со раѓање.

Во интервју за порталот Аксиос, Трамп изјави дека соработува со правни советници за стави крај на практиката која постои од 1968 година и пропишува дека државјанство автоматски му се доделува на секое лице родено во САД.

-Ние сме единствената земја во светот каде што едно лице може да дојде, да роди дете и да стане американски државјанин во следните 85 години со сите привилегии кои одат со тоа, рече Трамп и додаде:

„Тоа е смешно и мораме да го укинеме … процесот е во тек и следи потпишување извршна наредба“.

Спротивно на мислењето на Трамп, десетици земји во светот нудат неограничено државјанство со раѓање, вклучувајќи ги и Канада и Мексико.

loading...