понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Трамп го потпиша Законот за 2 000 милијарди долари помош

Трамп го потпиша Законот за 2 000 милијарди долари помош

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша Законот за пакет економска помош во висина од две илјади милијарди долари, со што треба да се намалат економските последици од новиот коронавирус во САД.

Претходно, предлогот за најголемата државна помош го усвои Претставничкиот дом, каде мнозинството се демократи, како и во Сенатот, каде мнозинство имаат републиканците, а стапува во сила со потпишувањето од страна на претседателот.

Трамп истакна дека Законот претставува неопходна помош за американските работници погодени од економските последици предизвикани од епидемијата со Ковид-19.

Пакетот економска помош предвидува фонд од 500 милијарди долари за индустријата, а идентична сума пари ќе се одвојат за мерката по 3.000 долари за секое американско домаќинство.

Предлогот вклучува и 350 милијарди долари за кредити за малите стопанственици, како и 250 милијарди помош за невработените лица.

Додека 100 милијарди долари ќе бидат одвоени за болниците и здравствените системи.

Тоа е најголем пакет помош некогаш одобрен од Конгресот и одговарта на речиси половина од сумата што американската Влада ја троши годишно.

Коронавирус