недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 71
home Вести

Трамп го отпушти советникот за национална безбедност Болтон

Трамп го отпушти советникот за национална безбедност Болтон

Американскиот Претседател, Доналд Трамп, го отпушти својот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

“Го информирав Џон Болтон минатата ноќ дека неговите услуги веќе не се потребни во Белата Куќа”, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот претседател тврди дека тој силно се спротиставил на многу од препораките кои ги давал Болтон.

Нов советник ќе биде именуван следната недела.