четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 168
home Вести

Трамп го откажа учеството на предизборните активности

Трамп го откажа учеството на предизборните активности

Сите предизборни настани во кои учествува американскиот претседател Доналд Трамп и членовите на неговото семејство ќе се одложат до ново известување или ќе се претворат во виртуелни средби.

Ова денеска го објави шефот на изборниот штаб на Трамп.

Бил Степиен изјави дека потпретседателот Мајк Пенс, кој е тестиран негативно на ковид 19, планира да ги продолжи закажаните предизборни митинзи.

Ова беше објавено откако Трамп утрово преку Твитер објави дека тој и првата дама Меланија Трамп биле позитивни на тестот за вирусот корона.

Не е јасно кога претседателот бил изложен на вирусот. Една од главните советници на претседателот, Хоуп Хикс, вчера добила позитивен тест за вирусот.

Позитивни на вирусот биле и двајца други соработници, сенаторот од Јута, Мајк Ли и претседателот на Универзитетот во Нотр Дам, Џон Џенкинс, кои присуствувале на церемонијата во Белата куќа во саботата, кога беше објавено дека судијката Ејми Кони Барет е назначена за слободното место во Врховниот суд на САД.

Ривалот на Трамп за претседателските избори на 3 ноември, Џо Бајден,денеска ја продолжува својата предизборна кампања според планот, откако доби негативен тест за корона вирусот.

Бајден ја имаше својата прва телевизиска дебата со Трамп во вторникот, кога тие беа на иста сцена повеќе од час и половина, иако беа оддалечени неколку метри.

Коронавирус