вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 187
home Вести

Трамп го осуди семејното насилство

Трамп го осуди семејното насилство

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочи со притисоци од републиканците во Конгресот, кои испитуваа дали Белата куќа правилно врши проверки на вработените, поради обвинувањата за семејно насилство од страна на неговиот поранешен соработник Роб Потер.

– Јас сум против семејно насилство и секој овде тоа го знае. Во целост сум против злоставување во семејството во секој облик. Секој тоа го знае и речиси не би требало да се спомнува, истакна Трамп.

Републиканскиот конгресмен Треј Гауди, претседавач со Комитетот за надзор и владини реформи во Претставничкиот дом на Конгресот, истакна дека истражувал кога Белата куќа го дознала „потенцијално деградирачките и дисквалификувачките информации“ за Потер, поранешен секретар надлежен за персоналот.

Потер минатата недела поднесе оставка откако две негови поранешни сопруги изјавија дека ги злоставувал. Тој ги негираше таквите наводи.

Претседателот на Претставичкиот дом на Конгресот, Пол Рајан истакна дека Белата куќа треба да го подобри процесот на проверка.

– Ако лицето врши насилство во семејството и е дел од Владата, тогаш системот се распаѓа, посочи Рајан.

Заминувањето на Портер покрена прашања дали шефот на кабинетот Џон Кели знаел за обвиненијата и дали постоел безбедносен ризик од него во Белата куќа.

Американскиот претседател неколку пати го бранеше Портер без да изразии емпатија кон жртвите на семејно насилство, а повеќе од 12 жени го обвинија Трамп за сексуални напади, што се случиле пред да дојде на функција.

Трамп ги негираше таквите наводи и ги обвини демократите и медиумите дека спроведуваат „валкана“ кампања против него.

Локални избори 2021