сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 17
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Трамп го одложува самитот на Г7

Трамп го одложува самитот на Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го одложи состанокот на Групата на седум (Г7) најразвиени земји до есен, што беше планиран за следниот месец во САД и покрај епидемијата на коронавирусот. Тој нагласи дека сака да го прошири со други држави со образложение дека сегашниот облик е „многу застарен” и не одразува добро „што се случува во светот”.

Тој изјави дека сака да го прошири тој собир со Русија, Австралија, Јужна Кореја и Индија.

– Не чувствувам дека Г7 правилно го претставува она што се случува во светот. Тоа е многу застарена група на земји, рече Трамп и додаде: „Би сакал да ги поканам Русија, Јужна Кореја, Австралија и Индија да учествуваат во проширениот самит.

Трамп посочи дека се уште не поставил нов датум за состанокот, но дека смета дека тоа би можело да се одржи во септември, во исто време со годишниот собир на светските лидери во ОН во Њујорк или можеби по изборите во САД во ноември.

Директорот на стратешката комуникација во Белата куќа, Алиша Фарах, рече дека Трамп сака да донесе некои од традиционалните сојузници на САД и држави погодени од коронавирусот.

Изјавата на Трамп беше дадена по објавата од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел дека таа нема да учествува на состанокот, освен ако не се промени трендот на коронавирусот.

Парламентарни избори 2020