вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 13
home Вести

„Трамп го исполни библиското пророштво, како кралот Кир“

„Трамп го исполни библиското пророштво, како кралот Кир“

Доналд трамп го исполни „библиското пророштво“ селејќи ја амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ерусалим, рече водителката „Фокс Њуз“, Џенин Пиро.

Таа, јавувајќи се од Ерусалим, каде САД денеска ја отвора амбасадата, го спореди Трамп со древниот крал Кир Велики.

И израелскиот премиеро Бенјамин Нетанјаху на сличен начин ја прокоментира одлуката на американскиот претседател амбасадата да ја премести од Тел Авив.

-Доналд Трамп ја признава историјата. Тој како кралот Кир пред него, го исполни библиското пророштво дека Евреите, христијаните и муслиманите го следеле Бог и оти Ерусалим е вечна престолнина на еврејската држава, како и дека еврејскиот народ конечно заслужува праведен, слободен и суверен Израел, рече Пиро.

 

Коронавирус