петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 192
home Вести

Трамп ги укина санкциите кон Турција

Трамп ги укина санкциите кон Турција

САД ги укинуваат санкциите кон Турција поради неодамнешната офанзива против курдските борци во североисточна Сирија, рече претседателот Доналд Трамп, и покрај раширениот став меѓу пратениците од неговата сопствена партија и експертите дека повлекувањето на Америка од регионот е победа за Турција и Русија.

„Санкциите ќе бидат укинати, освен ако не се случи нешто од што не сме задоволни“, објави тој денеска во изјавата во Белата куќа, додавајќи дека „ова беше ситуација создадена од нас“.

„Некој друг нека се бори за ова долго крваво мочуриште“, додаде претседателот, иако рече дека мал број војници ќе останат во Сирија за да ја обезбедат нафтата, цел што често ја истакнува кога зборува за тој регион.

Тој рече дека Турција го уверила дека ќе престане да се бори во регионот и дека неодамна договорениот прекин на огнот ќе го направи постојан.

Американските санкции беа воведени минатата недела како одговор на неодамнешната офанзива на Турција против курдските борци, кои ги смета за терористи. Турција сака да создаде длабока „безбедна зона“ од 30 километри вдолж сириската страна на границата.

Русија и Турција вчера се согласија да го продолжат прекинот на огнот по должината на сириската граница, со распоредување руски војници.

Офанзивата на Турција почна по неочекуваната одлука на претседателот Трамп за повлекување на американските трупи од северна Сирија во почетокот од овој месец.

Коронавирус