четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 57
home Вести

Трамп: Еден ден Иран ќе ме повика за да се договориме

Трамп: Еден ден Иран ќе ме повика за да се договориме

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден ден ќе попуштат тензиите во односите помеѓу САД и Иран и оти очекува повик од Техеран.

Тој додаде дека сега Техеран се однесува кон Вашингтон со многу повеќе почитување откако САД се повлекоа од Договорот за иранската нуклеарна програма.

– Знам дека Иран има многу проблеми и дека им се урива економијата. Но, ова ќе Ви го кажам: Во еден момент ќе ме повикаат и ќе ми речат – „ајде да се договориме“. И ќе постигнеме договор, посочи Трамп.

Претходно, државниот секретар на САД, Мајк Помпео ги повика американските сојузници да помогнат Иран да биде ставен под економски притисок и го обвини Техеран дека продолжува да продава оружје на Блискиот Исток и покрај резолуциите на Обединети нации.

– Треба да го прекинеме целото финансирање, што режимот го користи, за да финансира тероризам и посредува војни, напиша Помпео на Твитер пред средбата во Брисел со Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

МИА