сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 58
home Вести

Трамп: Демократите за три години целосно ќе ги уништат САД

Трамп: Демократите за три години целосно ќе ги уништат САД

За три години САД ќе бидат уништени доколку Демократската партија остане на власт, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за телевизискиот канал „Њузмакс“.

Според него, доколку републиканците не успеат да добијат мнозинство во американскиот Конгрес на среднорочните избори во 2022 година и да ја предводат владата во 2024 година, тогаш „за три години на земјата нема да и остане ништо“.

Трамп додаде дека во последните осум месеци од претседателствувањето на американскиот претседател Џо Бајден, САД „се лизнаа како никогаш досега“.

Републиканецот Трамп редовно ја критикува актуелната американска администрација, како и одлуките на нејзиниот сегашен лидер Џо Бајден. Поранешниот претседател е незадоволен како од внатрешната политика на демократите, вклучувајќи ја и ситуацијата со мигрантите и планот за развој на инфраструктурата, така и одлуките донесесни од актуелните власти во надворешна политика, особено повлекувањето на американската војска од Авганистан.

Локални избори 2021