понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 53
home Вести

Трамп: Бразил може да стане членка на НАТО

Трамп: Бразил може да стане членка на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го смета Бразил за главен сојузник на САД надвор од НАТО, па затоа оваа јужноамериканска држава дури би можела да стане и членка на Алијансата.

Како што јави ДПА, Трамп ваквата изјава ја даде по средбата во Белата куќа со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

Трамп нагласи дека на средбата станало збор за зајакнување на трговските односи меѓу САД и Бразил, како и за евентуално лансирање на вселенски летала од бразилска територија.

Американскиот претседател, исто така, ги поддржа амбициите на Бразил за зачленување во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која членуваат 36 развиени земји од Европа, Северна Америка и Азија, како и јужноамериканската држава Чиле.