петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 45
home Вести

Трамп: Без САД кралот Салман не би бил ни две недели на власт

Трамп: Без САД кралот Салман не би бил ни две недели на власт

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оти го предупредил кралот на Саудиска Арабија Салман дека не би останал на власт „ниту две недели“ без поддршката на американската влада.

– Ја штитиме Саудиска Арабија. Би рекле, богати се. Јас го сакам кралот, кралот Салман. Но, му реков:  „Ве штитиме, можеби не би сте биле на власт ни две недели без нас- морате да платите за вашата војска“, изјави Трамп на собир во Мисисипи.

Трамп не прецизираше кога му го рекол тоа на саудискиот крал, но саудиски медиуми претходно пренесоа дека Трамп и кралот Салман разговарале телефонски во саботата за економскиот раст и стабилноста на нафтениот пазар.

МИА

Коронавирус