петок, 4. декември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Трамп бара во воени објекти да се сместат 5.000 мигрантски деца

Трамп бара во воени објекти да се сместат 5.000 мигрантски деца

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Пентагон да најде воени објекти што би можеле да примат околу 5.000 мигрантски деца без придружба на мигранти, соопшти американското Министерство за одбрана.

-Пентагон ќе ги идентификува можните места за сместување на децата, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана Џејми Дејвис, објаснувајќи дека барањето било поднесено од Министерството за здравство во вторникот и оти децата треба да бидат сместени во тие објекти до 30 септември.

Според последните статистички податоци од Министерството за внатрешна безбедност, објавени во вторникот, околу 6.800 деца без придружба биле заробени во февруари на јужната граница на САД. (МИА)

Коронавирус