среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Трамп: Ако треба ќе изградиме „човечки ѕид“

Трамп: Ако треба ќе изградиме „човечки ѕид“

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека на границата со Мексико ако треба ќе се изгради „човечки ѕид“.

– Неверојатен број на луѓе доаѓа од Мексико во надеж дека ќе ја преплави нашата јужна граница. Испративме уште војници. Ако има потреба ќе изградиме и човечки ѕид. Да имаме прав ѕид, не би се случувало тоа, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот Конгрес одбива да го финансира ѕидот на американско-мексиканската граница, поради што делумно е блокирана работата на федералната Влада.