недела, 21. јули 2019. Вести денес: 44
home Вести

Трагичната судбина на децата на Петар Велики: Имал 10 наследници, а на смртната постела немало на кој да му го предаде тронот

Трагичната судбина на децата на Петар Велики: Имал 10 наследници, а на смртната постела немало на кој да му го предаде тронот

Царот Петар Велики, главниот руски реформатор, и покрај тоа што од два брака имал повеќе од 10 деца, во моментот на смрт немал наследници.

Кога станува збор за потомството на рускиот цар Петар Велики, сите најпрво помислуваат на највозрасниот син, царот Алексеј, како и ќерката Елисавета Петровина, која подоцна станала царица.

Алексеј, првенецот на Петар Велики и неговата прва сопруга, Евдокија Лопухина, роден е на 28-ми февруари, 1690-та година во селото Преображенско. Во првите години од животот, за младиот цар се грижела неговата баба, царицата Наталија Кириловна. Царот Петар Велики бил зафатен со државните работи, па не посветувал време за воспитување на својот син. После смртта на Наталија Кириловна, Алексеј го воспитувала неговата сестра, Наталија Алексеевна. Алексеј Петрович поголемиот дел од времето го поминувал далеку од својот татко, а обидите на Петрови да го вклучат во државните работи завршиле неуспешно. Во 1711-та година, Алексеј стапил во брак со принцезата Шарлота, со која ја добил ќерката Наталија и синот Петар. Набрзо после раѓањето на синот, принцезата умрела.

Откако втората жена на царот Петар Велики го родила синот кој го добил името Петар, царот барал од својот највозрасен син да се откаже од правата на престолот. Алексеј одлучил да избега, па во 1716-та година ја напуштил државата. Бидејќи царот Алексеј можеле да го искористат во политички цели против Петар Велики, царот наредил Алексеј да се врати во Русија. Царот се вратил во својата родна земја, но во 1718-та година официјално се откажал од правата на престолот.

И покрај тоа, Тајната канцеларија започнала истрага, поради сомнеж дека Алексеј ја предал својата татковина. Според резултатите на истрагата, царот е осуден како предавник и умрел во Петропавловската тврдина на 26-ти јуни, 1718-та година, според официјалните информации – од мозочен удар.

Александар, вториот син на Петар и Евдокија Лупохина, роден е во селото Преображенски, на 13-ти октомври, 1691-ва година. Момчето умрело после седум месеци, и било погребано во Архангелскиот храм во Кремљ.

Третиот син Павле е роден во 1693-та година, но речиси веднаш починал, а историчарите се сомневаат во неговото постоење.

Љубовница на царот Петар Велики во 1703-та година била Марта Скавронска, а таа уште пред бракот неколку пати останала бремена од него. Првите две деца биле момчиња, но починале веднаш после раѓањето.

Марта во 1706-та година, во Москва ја родила ќерката Екатерина, која починала после една година и седум месеци. Екатерина била вонбрачно дете, но царот Петар подоцна ја признал и после нејзината смрт била прогласена за кнегиња. Погребана е во Петропавловскиот храм во Санкт Петербург.

Ана Петровна е родена на 27-ми јануари во 1708-ма година и била уште едно вонбрачно дете на царот Петар Велики. Во 1711-та година, царот стапил во брак со мајката на Ана, Марта Скавронска, а Ана и нејзината сестра Елисавета ја добиле титулата на принцези.

Во 1724-та година, царот Петар Велики дал согласност за брак помеѓу Ана и шведскиот војвода Карлс Фридрих Холштајн Готорп. Според брачниот договор, Ана Петровна ја задржала православната вера и затоа ќерките можела да ги воспитува во духот на Православието, додека синовите морале да бидат од иста религија како нивниот татко. Ана и нејзиниот сопруг одбиле да претендираат на рускиот престол, но договорот имал таен член, според кој Петар имал право да го прогласи за наследник внукот од тој брак.

Петар Велики умрел два месеци после потпишувањето на брачниот договор, а бракот бил склучен на 1 јуни 1725-та година.

Ана и нејзиниот сопруг биле многу влијателни во Санкт Петербург, во краток период на владеењето на нејзината мајка, која дошла на престолот под име Екатерина Прва.

После смртта на царицата Екатерина Прва, во 1727-ма година, Ана со својот соруг била присилена да се пресели во Холштајн. Во февруари 1728-ма година, го родила синот кој го добил името Карл Петер Урлих, кој подоцна дошол на престолот под името цар Петар Трети. Ана Петровина умрела во 1728-ма година. Според некои извори, смртта настапила после тешкото пораѓање, а според други извори, Ана се разболела на прославата за раѓањето на нејзиниот син.

Ана по сопствена желба била погребана во Петропавловскиот храм, покрај гробот на татка си, во 1728-ма година.

Третата ќерка на Петар Велики и неговата сопруга е родена на 29-ти декември, 1709-та година. Две години подоцна, заедно со повозрасната сестра Ана, Елисавета официјално ја добила титулата на принцеза.

За време на владеењето на Екатерина прва, Елисавета била претендирана на рускиот престол. Противниците, првенствено принцот Меншиков, почнале да бараат потенцијален сопруг за Елисавета. Младоженецот, принцот Карл Август Холштајн Готорпски пристигнал во Русија, за да стапи во брак со принцезата. Меѓутоа, пред свадбата добил мали сипаници и починал.

После смртта на царот Петар Втори, во 1730-та година, на престолот дошла братучетката на Елисавета, Ана Ивановна.

Во 1714-та година, по смртта на Ана Ивановна, Елисавета била на чело на заговорот против малолетниот цар Иван Шести и неговите роднини. Откако успеала во својата намера, таа дошла на престолот под името Елисавета Петровна. Ќерката на Петар владеела 20 години, сè до својата смрт. Немала можност законски да стапи во брак, па од странство го донела својот внук, војводата Карл Петар Улрих Голштински. По доаѓањето во Русија бил преименуван во Петар Фјодорович, а во официјалната титула пишувало и „внук на Петар Велики“.

Елисавета умрела во Санкт Петербург, во 1762-ра година во 52-та година од животот и била погребана во Петропавловскиот храм.

Петар Први и неговата сопруга, во 1762-ра година ја добиле ќерката Наталија, но таа починала после две години. Таа била погребана во Петропавловскиот храм во Санкт Петербург. Една година подоцна, царицата Екатерина родила уште една ќерка, Маргарита. Меѓутоа, девојчето починало после 10 месеци.

Петар Велики во 1715-та година добил син, кој го добил името Петар. Царот планирал помладиот цар Петар да го заземе престолот наместо постариот брат Алексеј. Меѓутоа, момчето имало многу лошо здравје, па умрел на возраст од три ипол години. За Петар Велики смртта на малиот цар била голем удар.

Во Германскиот град Везел, во 1717-та година, за време на патувањето на Петар во странство, царот го добил синот Павле, но тој живеел само едн ден. И покрај тоа, ја добил титулата на кнез и бил погребан во Петропавловскиот храм во Санкт Петербург. Со тоа бил и првиот кој бил погребан од римската династија.

Во 1718-та година за време на мировните преговори со Шведска, Петар Велики добил уште една ќерка, која поради сплетот на околности, била неговото последно дете. На девојчето му го дале името Наталија, Во моментот на официјално прогласување на Руската империја, во 1721-ва година, царот Петар Велики имал три ќерки: Ана, Елисавета и Наталија.

Меѓутоа, во 1725-та година царот починал без да остави тестамент, а после тоа избила жестока борба за власт. Никој не му обрнувал внимание на детето, па Наталија се разболела и починала во 1725-та година.

Бидејќи царот Петар Велики во тој момент уште не бил погребан, таткото и ќерката биле погребани во иста просторија во Петропавловскиот храм.

ИЗВОР: ТОЧКА