недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ТРАГЕДИЈА: Возач самоубиец влета меѓу луѓе во Германија- најмалку тројца мртви и 30 ранети (ФОТО+ВИДЕО)

ТРАГЕДИЈА: Возач самоубиец влета меѓу луѓе во Германија- најмалку тројца мртви и 30 ранети (ФОТО+ВИДЕО)

Неколку луѓе настрадаа денеска во германскиот град Минстер, кога непознат возач влета со комбе меѓу пешаци и ги прегази.

Локалната полиција потврди дека има повеќе мртви, вклучувајќи го и осомничениот.

Напаѓачот веднаш по нападот се убил со огнено оружје на лице место, соопшти полицијата.

Медиумите известуваат дека има околу 30 повредени, а официјалните лица овој настан го третираат како терористички напад.

Исто така полицијата ги замоли жителите на овој град да го избегнуваат овој регион.

 

Коронавирус