четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Трагедија во училиште: Ранети 12 деца и една наставничка

Трагедија во училиште: Ранети 12 деца и една наставничка

Двајца ученици од едно руско училиште во градот Перм се скарале и еден на друг тргнале со ножеви. Ранети се 12 ученици и една наставничка.

Како што се наведува тие почнале кавга, а продолжиле со ладно оружје, додека останатите ученици и учителката се обидувале да ги смират и така настрадале. До кавгата дошло за време на час, наведе РИА новости.

Од училиштето евакуирани се 700 ученици, а наставата е прекината. Учениците се на вораст од 16 и 17 години.

Истрагата е во тек, пренесе „Tass“.

Двајца ранети, еден ученик и педагог, имаат потешки повреди и во тек се операции, додека на останатите им е пружена потребната помош.

Формиран е кризен штаб на чие чело е губернаторот Максим Решетњиков.

Коронавирус