недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија во семејството на Столтенберг

Трагедија во семејството на Столтенберг

Норвешкиот дипломат и некогашен министер за надворешни работи Торвалд Столтенберг почина во 87. година, јавуваат норвешките медиуми.

За време на кризата во поранешна Југославија тој беше специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации.

Торвалд Столтенберг е роден на 8. јуни 1931. година. во Осло, а во неколку наврати беше министер за надворешни работи и одбана на таа држава.

Исто така, тој ја вршеше функцијата висок комесар за бегалци при ОН, а за време на војната во Босна и Херцеговина беше специјален пратеник на Генералниот секретар на ОН.

Дипломатската кариера ја почна во Сан Франциско 1958. година, а веќе наредната година е преместен во амбасадата на Норвешка во Белград, каде во два наврати помина вкупно седум години.

Пред три години е прогласен за почесен граѓанин на Белград. Имаше две ќерки – Камила и Нина и синот Јенс, кој во моментот е на фукцијата генерален секретар на НАТО.

Коронавирус