понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 42
home Вести

Трагедија во Париз: Минимум 3 лица загинаа во голем пожар во станбена зграда, повеќе од 30 се луѓе повредени

Трагедија во Париз: Минимум 3 лица загинаа во голем пожар во станбена зграда, повеќе од 30 се луѓе повредени

Најмалку три лица загинаа и околу се повредени во голем пожар, кој избувна утрово во една зграда во единаесеттиот арондисман во Париз, јавува дописникот на МИА.

Во гасењето на пожарот се мобилизирани речиси 200 пожарникари. Трагедијата се случила на улицата Немур недалеку од Плоштадот на Републиката. Пожарот избувнал околу 5 часот утрово, најверојатно во скалилата на зградата од шест спрата изградена во седумдесетите или осумдесеттите години, по што се проширил на амамот и ресторанот.

Повредените се затруени од чадот. Спасувачките екипи се уште се на терен.