четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 136
home Вести

Трагедија во Јута: Осум лица загинаа во верижен судир на 22 автомобили

Трагедија во Јута: Осум лица загинаа во верижен судир на 22 автомобили

Во верижен судир во кој учествувале 22 автомобили во Јута загинаа осум лица, а уште неколкумина се здобиле со повреди, јавија синоќа американските медиуми.

Половината од загинатите се деца. 

Немилиот настан се случил на автопат во близина на градот Канош, во централниот дел на Јута, а причина за несреќата била намалената видливост предизвикана од песочна бура што траела од неделата попладне до вчера.  

Четворица од загинатите се возрасни, четворица се деца на возраст до 15 години, соопшти синоќа департментот за општествена безбедност на Јута, кога беа објавени и имињата на настраданите. Петмина од загинатите се од едно семејство. 

Десет лица биле донесени во блиските болници, најмалку тројца се во критична состојба. 

Коронавирус