сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 67
home Вести

Трагедија: Три мали деца загинале, заробени во замрзнувач (ВИДЕО)

Трагедија: Три мали деца загинале, заробени во замрзнувач (ВИДЕО)

Три мали деца починале на Флорида, откако играјќи се останале заробени во замрзнувачот, соопшти локалната полиција, пренесува „Скај њуз“.

Братче на 6-годишна возраст и едногодишна сестричка, како и уште едно девојченце на 4-годишна возраст си играле во двор на куќа.

Двете деца, шестгодишното момче и едногодишното девојче, живееле со својата баба на истиот имот каде што живеело четиригодишното девојче со својата мајка.

Тие биле оставени сами кратко време, и кога не можеле да ги најдат во куќата, почнале да ги бараат во дворот.

На крајот тие ги пронашле децата во неодамна купениот замрзнувач. Бидејќи сè уште не бил приклучен, тој стоел надвор од куќата неколку дена, во дворот, а децата играјќи се се качиле во него и веќе не можеле да го отворат.

Жените повикале полиција и пожарникари кои се обиделе да ги реанимираат децата, но, за жал, веќе било прекасно.

Коронавирус