четврток, 5. август 2021. Вести денес: 121
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Трагедија: Тргнале на одмор по „патот на смртта“ – три девојки починаа, една го загуби бебето

Трагедија: Тргнале на одмор по „патот на смртта“ – три девојки починаа, една го загуби бебето

Три девојки загинаа, а нивната пријателка го изгуби бебето во страшна сообраќајна несреќа на „патот на смртта“ во Аргентина, додека славеа крај на „локдаун“ поради коронавирусот.

Чаро Алварез Амадо (26), Софија Дуро (26), Флоренсија Бариос (25) и Микаела Крино Пачер (25) биле на пат кон куќата на еден пријател на плажа. Тие тргнале од нивниот роден град Ла Плата во Аргентина.

-Девојките, кои се пријатели уште од основно училиште, не се виделе осум месеци и се возеле кон градот Пинамар за да уживаат во долгиот викенд, пренесува „Сан“.

Софија возела Рено Клио кога дошло до судир со нејзиното семејство во друго возило.

Патот на кој се случила несреќата е локално познат како „пат на смртта“ затоа што има само една коловозна лента во двата правци.

Софија и Чаро, кои бил на совозачкото место, починале на самото место.

Микаела била пренесена во болица исто како и Фиренца со тешки повреди, а подоцна била пренесена во друга болница.

Локалните медиуми јавуваат дека Микаела, која само што  наполнила 26 години додека била хоспитализирана, починала на 21 мај.

Фиренца, која била во 33-та недела од бременоста, била подложена на итен царски рез, но за жал го загуби бебето.

Делфина Бурландо, нивната пријателка во чија куќа одеа кога се случи страшната несреќа, се прости од нив на Инстаграм.

„Ве сакам, ќе ве сакам засекогаш“, напиша таа.

Засега не е познато која е причината за несреќата, а полицијата соопшти дека станува збор за директен судир.

Коронавирус