петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Вести

Трагедија на рингишпил: Загина една жена, друга тешко повредена (ВИДЕО)

Трагедија на рингишпил: Загина една жена, друга тешко повредена (ВИДЕО)

Една жена загина, а друга е тешко повредена откако седиштето на кое се возеле во француски забавен парк им се откачило и паднале на земја, пренесува „Дејли мејл“.

Тие биле на повеќе од 10 метри во воздухот кога им се откачило седиштето.

Според противпожарната бригада, 24- годишната жена на лице место им подлегнала на повредите, а 20-годишната е пренесена во болница.

Полицијата вели дека четири лица- сопственици и оние кои управувале со рингишпилот, се приведени.

Немилиот настан се случил вчера, а денеска на лице место се експерти за да го проверат паркот, кој инаку сега е затворен, за да се утврди причината за трагедијата.

Се работи за еден од најголемите паркови во Франција, кој трае две недели секој октомври и има 250 направи за возење и атракции, но и 100.000 посетители.

Коронавирус