понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 67
home Вести

Трагедија на екскурзија: Врсниците ја најдоа Сара мртва во кревет, причината за смртта ќе ве шокира и загрижи (ФОТО)

Трагедија на екскурзија: Врсниците ја најдоа Сара мртва во кревет, причината за смртта ќе ве шокира и загрижи (ФОТО)

Училишниот екскурзија заврши со трагедија, кога тинејџерката Сара Манитоски (16) од Канада е пронајдена мртва, а сега е утврдена и причината за нејзината смрт.

Сара, нејзините врсници по враќањето од појадокот ја пронашле како лежи на креветот во безсознание покрај вклучениот аларм. Болничарите се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

Утврдено е дека девојчето починало од синдром на токсичен шок. Тоа е заклучено врз основа на симптомите кои Сара ги имала, а на тампонот во нејзиното тело е пронајдена бактерија Staphylococcus aureus.

Тинејџерката на патувањето кон средината на март минатата година, се пожалила дека не се чувствува добро. Манитоски се жалела на болки во стомакот и заминала во својата соба околу 22 часот да отспие.

До токсичен шок доаѓа кога бактеријата “Staphylococcus aureus” создава токсини, што предизвикува грозница, напади и дури и смрт. Најризични категории се жените, посебно младите девојки кои можеби се уште не изградиле антитела, но ранливи се и мажите, децата и жените во менопауза. Другите фактори на ризик вклучуваат изгореници или рани на кожата или вирусни инфекции како грип.

Оваа состојба е екстремно ретка – во 2016 година се пријавени 40 такви случаи во САД. Жените кои имаат менструација можат да го спречат токсичниот шок со често менување на тампони со цел бактериите да имаат време да се развијат.

“Малку се знае за тоа и треба да се доведе во фокус. Толку непотребна и трагична работа се случи на толку неверојатно млада девојка”, напишала сестрата на Сара на својот Фејсбук профил.

Коронавирус