вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Трагедија на Алпите: Загинаа четворица туристи

Трагедија на Алпите: Загинаа четворица туристи

Четворица туристи загинаа на швајцарските Алпи, а петмина се во лоша здравствена состојба, откако биле принудени да ја минат ноќта на отворено во областа Пин д`Арола, соопшти полицијата во кантонот Вале.

Спасувачите пронајдоа вкупно 14 лица, од кои некои имаа хипотермија, а еден човек бил веќе мртов, како последица на паѓање.  Жртвите биле транспортирани со хеликоптери во блиските болници, но три лица им подлегнаа на повредите..

Туристите беа од Италија, Франција и Германија. (МИА)

Коронавирус