вторник, 28. март 2023. Вести денес: 100
home Вести

ТРАГЕДИЈА: Мундијалот го заврши по групната фаза, а откако се врати во татковината усмрти пешак во сообраќајка

ТРАГЕДИЈА: Мундијалот го заврши по групната фаза, а откако се врати во татковината усмрти пешак во сообраќајка

Репрезентативецот на Мароко, Армин Харит, предизвика трагедија после враќањето од Мундијалот во Русија.

Медиумите во Мароко ја пренесоа информацијата дека Харит бил зад воланот во автомобил кој со голема брзина удрил и усмртил пешак во градот Марекеш.

Иако прво беше објавено дека зад воланот бил неговиот 14 годишен брат, полицијата брзо ја демантираше оваа информација, додавајќи дека сведоци го спречиле Харит да го напушти местото на настанот.

После апсењето, тој е пуштен со кауција, но нема да може да ја напушти земјата затоа што му е одземен пасошот.

Харит го започна Мундијалот како стартер на мечот со Иран, но поради лошата игра беше заменет и останатите два меча со Португалија и Шпанија ги помина на клупата.

loading...