понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 58
home Вести

ТРАГЕДИЈА: 4 годишно дете не го преживеа сибирскиот студ, месечарело на -20, мајката го нашла дури утрото

ТРАГЕДИЈА: 4 годишно дете не го преживеа сибирскиот студ, месечарело на -20, мајката го нашла дури утрото

Четиригодишно дете почина во Сибир откако месечаречои  излегол од куќата среде ноќ.

Температурата во тој период била -20 степени, па детето во текот на ноќта замрзнало и починало. Неговата мајка го пронашла телото подоцна, кога следејќи ги неговите траги во снегот дошла до него.

Малиот Богдан на себе имал само пижами, а кобната ноќ тргнал кон куќата на соседите.

Тој месечарел и претходно, но тоа се случувало летно време, кога температурите во регионот на Краснојарск се повисоки.

Неговата мајка Марија се разбудила во 6 наутро и открила дека синот не и е дома. Тогаш видел дека
детето ја оставило отклучена вратата и излегло на студот.

Тој носел само пижами, а на нозете немал ништо, ниту пак капа на главата. Руските власти покренаа истрага за неговата смрт.