вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Топлотниот бран во Франција летово – причина за смрт на 1.500 лица

Топлотниот бран во Франција летово – причина за смрт на 1.500 лица

Во јуни и јули силната горештина што ја зафати цела Франција предизвика смрт на 1.500 луѓе, соопшти денеска министерката за здравство Анес Бузен.

Таа рече дека споредено со рекордните горештини од 2003 година, бројот на починати ова лето е 10 пати помалку.

Министерката за здравство прецизираше дека половина од оние што починале оваа година се на возраст над 75 години.

– И покрај овие тешки услови, од 2003 година успеавме да ја намалиме смртноста за 10 пати, благодарение на превенцијата и соодветното информирање на населението, рече Бузен, заблагодарувајќи се на професионалната мобилизација на вработените во здравствениот сектор.

Во јуни годинава, Франција регистрираше температурен рекорд од 46 Целзиусови степени.