вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 107
home Вести

Топлотен бран ќе ја зафати Европа

Топлотен бран ќе ја зафати Европа

Во следните пет дена во Европа температурата на воздухот ќе биде поголема од просечната за ова време од годината, прогнозира „Север Ведер Јуроп” (СВЕ).

Во Централна Европа и делови од Скандинавија ќе има до десет степени Целзиусови повеќе од просечните температури за ова време од годината.

– Во поголем дел од континентот пристигнува многу топол период. Само во Скандинавија ќе биде поладно, но сепак потопло од просекот за ова време од годината, прогнозира СВЕ.

За Балканот се најавува можност од бура и грмотевици, како и силен дожд и силни ветрови.

МИА