понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 38
home Вести

Тојота ја укинува продажбата на дизел возила во Европа

Тојота ја укинува продажбата на дизел возила во Европа

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота најави целосен прекин на продажбата на дизел автомобили во Европа веќе од оваа година.

– Во 2018 година во нашите патнички автомобили ќе биде укинат дизелот, изјави Јохан ван Зил, прв човек на Тојота за Европа.

Тој објасни дека Тојота не планира да развива нови дизел технологии за патнички автомобили и дека нивниот фокус ќе бидат хибридни возила.

Европски престолнини како Париз најавија забрана за дизел автомобили, а Врховниот германски суд отвори пат за сите кои сакаат да забранат стари дизелаши на своите улици. 

Коронавирус