среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Тој бил во Нотр Дам кога избил пожарот: Детално го опишува почетокот на хоророт (ВИДЕО)

Тој бил во Нотр Дам кога избил пожарот: Детално го опишува почетокот на хоророт (ВИДЕО)

Викарот на архиепископијата на француската престолнина, Филип Марсе, се потсетил на првите моменти од пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз.

Во моментот на почетокот на пожарот, Марсе се наоѓал во својата канцеларија.

-Вечерната служба почна нешто околу 19:30 часот. Пожарот веќе изби, но за него не знаеше никој. Немаше никаква паника кога луѓето заминуваа од мисата. Неколку минути подоцна го почувствуваме чадот, и гледајќи ја катедралата, видовме пожар на плафонот, таму каде што се е од дрво. Веднаш излегов на улица и реков: “О, Господе””, рекол свештеникот за “Sputnik”.

Потоа пристигнала градоначалничката на Париз, Ан Идалго, а нешто подоцна и Макрон. Тој повеќе сакал да биде на самото место, отколку да добива информации од други. “Мислам дека неговиот нагон беше предизвикан од силни емоции. Тоа што го кажа не самото место беше многу потресно”, додал Марсе.

Тој потсетил дека кај католиците во тек е Светата недела, која му претходи на Велигден.

“Неколку дена подоцна ние ќе го славиме Христосовото воскреснување – централниот настан на нашата вера. Кога вчера го видов крстот во внатрешноста на катедралата, осветлен од пожарот, тоа беше отсликување на тоа што нам ни се случува – крстот во оган, статуата на Дева Марија и пламен”, рекол викарот.

Тој рекол дека во тој настан не бара тајна смисла и изразил надеж дека станува збор за “несреќен случај, а не намерна акција”.

Најголемиот пожар во катедралата Нотр Дам почнал вчера. Пламенот ја зафатил носечката конструкција. Во гасењето на пожарот учествувале 400 пожарникари. Пожарот бил изгасен утрово. Според податоците на француските медиуми, несреќата е поврзана работите за реставрација. Дел од катедралата бил затворен.

Коронавирус