Тлото во Европа не престанува да се тресе, откако утрово земјотрес имаше во Албанија, а беше почувствуван и во Македонија, утрово нов земјотрес ги разбуди жителите на Австрија.
Станува збор за земјотрес од 4,5 степени според Рихтеровата скала кој се почувствувал утрово во 8:30 часот.
Земјотресот е регистриран на подрачјето на Корушка, на длабочина од осум километри.
Map of felt reports received so far following the #earthquake M4.5 in Austria 41 min ago pic.twitter.com/S4W1LhSghd
— EMSC (@LastQuake) January 20, 2021
Можни се мали оштетувања на некои згради, но засега нема информации за штетите.
Инаку овој период тлото се уште не престанува да се тресе и во Хрватска.