четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 86
home Вести

Тлото не мирува: Нов силен земјотрес ја тресе Папуа Нова Гвинеја

Тлото не мирува: Нов силен земјотрес ја тресе Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на јужниот брег на островот Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геофизички институт.

Според институтот, потресот бил на мала длабочина под морското дно, со епицентар на 162 километри југозападно од градот Рабаул.

Пацифиццкиот центар за следење на цунами издаде предупредување дека областа во круг од 300 километри од епицентарот, може да ја погоди голем бран.

Нема информации за повредени лица или причинета материјална штета при земјотресот.

Папуа Нова Гвинеја, една од најсиромашните земји во светот, се уште се опоравува од земјотресот со интензитет од 7,5 степени што се случи на 26 февруари, кога загинаа најмалку 100 луѓе.

Коронавирус