четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 188
home Вести

„Тивок масакр“: Половина од смртните случаи во Италија се во старечки домови, семејствата најавуваат тужби

„Тивок масакр“: Половина од смртните случаи во Италија се во старечки домови, семејствата најавуваат тужби

Од почетокот на кризата, илјадници стари граѓани во Италија и низ цела Европа се разболеле во старечки домови, кои воедно станале и жаришта на епидемијата.

Во извештајот на експерти од лондонската Економска школа се утврдува дека меѓу 42 и 57 проценти од смртните случаи поврзани со ковид-19 се случиле во старечки домови во Италија, Франција, Ирска, Шпанија и Белгија, пренесува бриселски „Политико“.

Поради тоа во Италија оваа појава ја нарекуваат „тивок масакар“.

Адвокатот Ромоло Ребоа изјави дека во Милано најмалку 20 семејства поднеле обвиненија против домот „Дон Гночи“, тврдејќи дека кризата не била добро управувана од раководството на Домот.

Коронавирус