понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 145
home Вести

Тинејџерка починала во када со мобилниот телефон во рака- Итната помош можела само да констатира смрт

Тинејџерка починала во када со мобилниот телефон во рака- Итната помош можела само да констатира смрт

Четиринаесетгодишната Јулија Висотскаја доживеала струен удар, а потоа се удавила во када во својот дом во Чебоскариј во Русија.

Нејзините родители веднаш повикале Итна помош, но било предоцна. Медицинските работници можеле само да констатираат смрт.

Станува збор за трет ваков случај во една година во Русија, и покрај многуте предупредувања.

Во декември 15-годишната Ирина Рибиникова, мајстор во боречки вештини, починала додека го користела својот „ајфон“ кој се полнел додека била во када.

Ксенија П. 12-годишно девојче од Русија слушало музика додека телефонот бил на полнач. Нејзината мајка ја затекнала мртва во када, а главата ѝ била под вода.

Бидете внимателни, користењето на мобилен телефон за време на капење, особено ако е вклучен на полнач, претставува руски рулет.

Коронавирус