среда, 22. мај 2019. Вести денес: 5
home Вести

Тинејџер се обидел да украде авион

Тинејџер се обидел да украде авион

Тинејџер од САД пред неколку дена е осуден на пет години условна казна и парична од 1.000 долари, бидејќи сакал да украде авион од компанијата Американ Игл од аеродромот во сојузната држава Арканзас.

Причината зошто тинејџерот сакал да го украде авионот, е раперот Фејмуз Декс. Имено, момчето сакало да стигне на неговиот концерт во Илиноис.

Кражба на авионот е планирана цел месец однапред. Храбриот тинејџер ја прескокнал оградата на аеродромот и се затрчал кон леталото. Обезбедувањето го забележало уште додека ја прекачувал оградата, но го фатиле дури кога влегол во авионот, поточно во пилотската кабина.

Момчето немало искуство за летање и не знаело што треба да направи откако ќе влезе во кабината.