петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home Вести

Тинејџер продавал радиоактивен ураниум на интернет

Тинејџер продавал радиоактивен ураниум на интернет

Шеснаесетгодишно момче од Јапонија е обвинето за рафинирање радиоактивен ураниум, соопштија јапонските власти.

Тој тие материи, како и експлозиви, ги продавал на интернет.

Обвинението гласи – незаконско производство на еритирол тетранитрат, супстанција со која се изработуваат експлозиви. Момчето е уапсено во Токио заедно со уште неколку лица кои купиле ураниум од него.

Според истрагата, момчето го добило радиоактивниот материјал при обработката на ураниумова руда. Истражителите, исто така, сметаат дека тинејџерот ученик не е терорист, туку попрво вљубеник во хемијата.