петок, 23. јули 2021. Вести денес: 167
home Вести

Тимот на Навални соопшти дека тој бил прегледан во болница источно од Москва

Тимот на Навални соопшти дека тој бил прегледан во болница источно од Москва

Алексеј Навални е прегледан во болница надвор од затворот, соопшти тимот на рускиот опозициски лидер доцна синоќа.

Навални (44) бил прегледан во градот Владимир источно од Москва, напиша на Твитер шефот на неговиот кабинет Леонид Волков.

– Извршени се бројни прегледи, информира Волков.

Резултати не се соопштени.

Главниот опозициски лидер во Русија, кој преживеа обид за атентат минатата година, во моментов отслужува повеќегодишна затворска казна во работнички логор надвор од Москва. Тој неодамна се жалеше на силни болки во грбот и парализа на рацете и нозете.

Коронавирус