недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 19
home Вести

Тимот на Бајден ќе покрене правна постапка поради одложувањето објавување на победникот

Тимот на Бајден ќе покрене правна постапка поради одложувањето објавување на победникот

Тимот на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден синоќа соопшти дека размислува да покрене правна постапка против доцнењето на државните служби при прогласувањето на демократскиот кандидат за победник на изборите во САД.

Државната изборна комисија обично прогласува кандидат за претседател кога ќе стане јасно дека тој ја освоил власта, по што може да започне процесот на пренесување на власта.

Тоа сè уште не се случило, иако сите водечки американски медиумски куќи го прогласија Бајден за победник во саботата, бидејќи тој ги надмина потребните 270 изборни гласови.

Меѓутоа, законот не прецизира кога Државната изборна комисија мора да реагира, но тимот на Бајден вели дека нивната победа е „чиста“ и дека одложувањето на објавувањето на победникот не е оправдано, без оглед дали актуелниот претседател Доналд Трамп одбива да ги признае резултатите од изборите.

Коронавирус