сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

Тим на ОН за безбедност пристигна во Дума

Тим на ОН за безбедност пристигна во Дума

Сирискиот амбасадор во ОН Башар Џафари изјави дека тим за безбедност на Обединетите Нации вчера отпатувал за Дума, пред меѓународните експерти денеска да почнат со испитување на наводниот хемиски напад.

– Тим на ОН за безбедност влезе во Дума со цел да ја процени безбедносната ситуација на терен и ако одлучи дека ситуацијата во Дума е стабилна, тогаш мисијата која ќе ги утврди фактите ќе почне со работа, изјави Џафари на седница на Советот за безбедност на ОН.

Тој истакна дека сириската Влада прави се што може за да помогне во работата на таа мисија.

Коронавирус