понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 46
home Вести

Тестирани повеќе од 15.000 камионџии кои чекаат да влезат во Франција

Тестирани повеќе од 15.000 камионџии кои чекаат да влезат во Франција

Министерот за транспорт во Велика Британија Грант Шапс во сабота на Твитер објави дека досега се направени 15.526 тестови а позитивни биле само 36.

Само на возачите со негативен тест им е дозволено да ја преминат границата преку море или преку тунел од Англија кон Франција.

Франција ги затвори границите со Велика Британија пред една недела поради страв од новиот вид на коронавирус кој е откриен во Англија.

Поради тој потег илјадници возачи на камиони останале заглавени за време на Божикните празници,

Во среда Лондон и Париз се договорија за повторно отворање под услов возачите кои доаѓаат од Англија да се тестираат пред преминувањето на граница.

Напуштениот аеродром Манстон во Кент, кој беше претворен во диво паркиралиште додека многу возачи чекаа во своите камиони да бидат тестирани, сега е празен, рекол Шапс.

Повеќе од 1000 припадници на воската помогнале во таа акција.

Коронавирус