петок, 25. септември 2020. Вести денес: 93
home Вести

Тесла во минута губи по 6.500 долари

Тесла во минута губи по 6.500 долари

Компанијата на Илон Маск, Тесла моторс губи по 6.500 долари во минута, пренесуваат светските медиуми.

Тоа, оценува Блумберг, е алармантно за релативно младиот произведувач на автомобили кој наскоро треба да ги објави деловните резултати за првиот квартал. А тие резултати би можеле да бидат премногу лоши.

Компанијата има околу 3,5 милијарди долари на сметка, плус кредити, но сепак Маск верува дека Тесла конечно ќе почне повеќе да заработува отколку да троши.

Неволјата со финансиите не оди во прилог ниту на  се почестите несреќи со автомобилите на Тесла. Уште една личност почина поради, како што се наведува, грешка на авто-пилотот. Акциите на Тесла паднаа за 24 отсто, а компанијата падна далеку под своите цели за производство на Модел 3.

Тесла пребро троши пари, без дополнително финансирање, а сега постои и ризик да остане без пари во 2018 година.

Коронавирус